На 20.06.2020 околу 12.00 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Велес, лица кои извршувале работни задачи односно обележувале паркинг простор, биле нападнати од две лица, информира МВР.
При обид на полициски службеник да интервенира, бил омаловажуван и навредуван од Н.А.(55), полициски службеник кој бил таму, а не бил на работа и не почитувал наредба од колегата кој службено постапувал.
Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.