еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Социјалните мрежи „преплавени“ со барања за донирање на плазма од оздравени од корона вирусот

Социјалните мрежи се „преплавени“ со барања за донирање на конвалесцентна плазма од оздравени пациенти од Ковид-19 во Македонија, чија бројка заклучно вчерашните податоци на Министерството за здравство изнесува 1.974.

Барањата се од различни страни на земјава, а најчесто се за пациенти кои се хоспитализирани по болниците и се во потешка здравствена состојба.

Сепак и покрај големиот број на оздравени лица, Министерството за здравство пред една недела соопшти дека заклучно со 14. јуни се обезбедени само 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19.

Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со Ковид-19.

КОЛКУ Е ЕФИКАСНА ОВАА ТЕРАПИЈА?

Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.

Таа се користи за лекување на заболените од Ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.

Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ебола и САРС.

Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазмa може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).

И Вие можете да спасите нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот Ковид-19.

КОЈ МОЖЕ ДА ДАРУВА?

Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од инфекција Ковид-19, ако ги исполнува стандардните услови за дарување на крв и дополнителните критериуми: да имaат документиран лабораториски доказ дека биле болни од Ковид-19, да имаат два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што ќе се направи дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус, машки дарители или женски дарители кои не раѓале или се негативни на HLA антитела, ќе биде земен примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализичаки антитела Anti-SARS-CoV-2.

ПОСТАПКА ЗА ДАРУВАЊЕ

Постапка за дарување на плазма се вика плазмафереза и се изведува со високо софистициран клеточен сепаратор.

Постапката трае од 40 до 60 минути и се издвојува од 300 до 600 мл плазма, а останатите компонетни се враќат на донорот. Плазмата која е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува.

Дарител може да биде лице на возраст од 18 до 60 години со телесна тежина поголема од 60 килограми кој ги исполнува горе наведените критериуми.

ПРЕДОНАЦИСКИ ЛАБАРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА:

-Крвна слика.

-Биохемиски анализи (гликемија, липиден статус, протеински статус-вкупни протеини да се повеќе од 60 гр/л, деградациони продукти,ензимски статус, CRP).

-Инфекции преносливи преку крв (хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и силфилис).

-Крвна група со скрининг на антитела.

-Концентрација и/или титар на неутарлизирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

-За дарители од женски пол, кои биле бремени ќе се прави и Anti-HLA антитела.

Потребно е да пополнете Форумлар кој можете да го најдете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според ризикот на ширење на Ковид-19, Скопје и Тетово во 4. фаза, Штип, Ресен и Куманово во трета

Кардиоваскуларна и белодробна болест, дијабет: Најчести претходни заболувања кај заразените со Ковид-19

80,8 од починатите од корона вирусот во Македонија имале претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Заев-Столтенберг: НАТО ќе испрати дополнителна помош за справување со Ковид-19

Редакција

Во март најголема побарувачка за автомобилските кредити

Редакција

„Симболико“ го доби тендерот на МВР за оператор на кол-центар за лични документи „тежок“ 460.000 евра

Редакција