еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ја изедначи акцизата на маслото за греење и за погонско гориво

На вчерашната седница на Владата се донесени изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена.

„Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати“, соопшти Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Редакција

Лани имало 73.061 активни фирми, за 3,8% помалку во однос на 2019

Редакција

Граѓаните на 191 може да пријават поскапување на „замрзнатите“ цени на прехранбените производи

Редакција