Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирусот, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман, соопштија од болницата.
„Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава.
За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата.
Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19“, информираат од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новиот заразен од коронавирусот од Струмица е во државен карантин
Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини
Починаа уште 8 пациенти од корона вирусот