еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Софијанова ги вратила парите за дежурствата, од Детска клиника велат дека тоа не ја ослободува од одговорност

Во врска со објавените информации за работењето на екс директорите на Универзитетската клиника за детски болести, медицински директор проф. Аспазија Софијанова и в.д. организациониот директор Мемеди Аљадин, ја известуваме јавноста дека во тек е вонредна ревизија на досегашното работењето во различни домени меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа.

„По завршување на предметните ревизии и соодветните постапки Универзитетската клиника за детски болести во целост ќе ги побара неосновано исплатените средства утврдени од страна на надлежните институции.

Воедно ја информираме јавност дека доброволното враќање од страна на екс директорката на клиниката проф. Аспазија Софијанова на неосновано стекнатите надоместоци на име дежурства не ја ослободува истата од одговорноста пред законот и надлежните институции.

Поради необезбедената согласност за организација на работа во дежурства за 2021 и 2022 година од страна на претходното раководство, сегашниот менаџмент не беше во можност да изврши исплата за месец 10-ти 2022 година на вработените.

Исплата на дежурства за вработените за 10-ти месец ќе се изврши веднаш по добивање на потребната согласност.

Исто така сакаме да посочиме дека платите на вработените не се намалени,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојка Нацева-Фуштиќ именувана за в.д директор на Детска клиника, а Виолета Клисаровска на Oнкологија

Каков имот пријавила Аспазија Софијанова, директорката на Клиниката за детски болести, која поднесе оставка

По оставката на Софијанова, разрешен организацискиот директор на Детска клиника, Аљајдин Мемеди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прегрупирање во банкарскиот сектор: Шпаркасе си купува златна кокошка

Редакција

Заев не сака да биде претседател

Редакција

На генералниот директор на Макошпед лани исплатени 1,1 милиони денари

Редакција