еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сите детали: Какви се новите правила за работа на теретаните и фитнес-клубовите

Со одлука на Владата од денеска можат да почнат да работат теретаните и вежбалните.

Во Служен весник излезе протоколот за новиот начин на работа во кој се предвидени мерки за заштита од зараза од корона вирусот.

Новите правила Ви ги пренесуваме во целост:

На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.

Да се постави дезбариера на влез во клубот и безконтакно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.

На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на простории, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна дезинфекција на подот.

Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите.

При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кои содржи 70% алкохол.

Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време.

Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.

Корисниците на услуги, задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот.

Користењето на заедничките помошни простории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба.

Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно 10м2 по корисник.

Опремата, справите и реквизитите задолжително да се дезинфицираат после секој корисник.

Во случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптоми (температура, кашлица и сл.) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.

Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица) одговорното лице е должно веднаш да го отстарни лицето од просториите на клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почнуваат со работа теретаните и вежбалните, угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста

Од петок се отвараат теретаните, а кафулињата ќе можат да работат и внатре

Фото:Consumer reports

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приватните автобуси на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг

Редакција

Петков тврди дека Бугарија имала желба за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените прашања со Македонија

Редакција

Пратениците да ги одложат патувањата за Собранието непречено да работи, порача Џафери и се закани со иницијатива за распуштање

Редакција