еМагазин
Image default
Бизнис

Во Македонија најмногу се градат трисобни станови

Во годините 2009, 2014 и 2019, најмногу биле градени трисобни станови и нивното учество во вкупно изградените станови се движи од 32.2 % во 2009 година, 32.9 % во 2014 година и 34.6 % во 2019 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Потоа следат двособните станови со учество од 27.3 % во 2009 година, 27.8 % во 2014 година и 33.2 % во 2019 година.

Во годините 2017, 2018 и 2019, најмногу одобренија за градење биле издадени за објекти од високоградба, и тоа 62.9 % во 2017 година, 56.8 % во 2018 година и 54.1 % во 2019 година, а потоа следат објектите за реконструкција со 26.1 % во 2017, 27.5 % во 2018 и 31.4 % во 2019 година.

Исто така, и вредноста на издадените одобренија за градење е највисока за објектите од високоградбата и нејзиното учество се движи од 66.0 % во 2017 година, 57.6 % во 2018 година, до 66.9 % во 2019 година, додека во нискоградбата учеството изнесува 27.3 % во 2017, 36.4 % во 2018 и 25.2 % во 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието го донесе ребалансот на буџетот за 2018 година: Повеќе пари за општините, за да излезат од долгови

Редакција

За автопатот Кичево-Охрид користиме проект од 18. век, има лоши проекти за косините, вели Страшо Милковски

Редакција

„МојДДВ“: Колку дена по издавањето можe да се скенира фискалната сметка?“

Редакција