еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За автопатот Кичево-Охрид користиме проект од 18. век, има лоши проекти за косините, вели Страшо Милковски

Зошто во 21. век користиме проекти од 18. век за автопатот Кичево-Охрид, праша претседателот на Управниот одбор на градежната компанија „Гранит“, Страшо Милковски на трибината организирана во Стопанска комора.

„Се прифати проект од осумдесетите години, а знаете ли колку нови технологии во градежништвото има? Ве уверувам дека ако патот Кичево – Охрид се проектираше сега, воопшто немаше да изгледа вака, туку ќе имаше многу повеќе галерии, тунели, ќе беше многу посовремен.

Проблемот е што нема слух кај власта, не ги слушаат нашите мислења, повеќе се респектира тоа што е дефинирано како политика. Оваа држава ја направија македонските фирми, а не странските,“ истакна Милковски.

Според него, погрешно е мислењето дека кај нас нема градежна фирма која може да ги направи мостовите, патиштата.

„Еве, „Гранит“ ги направи. Мостовите се направени пред рокот, а патот не се пушта не зашто мостовите не се направени, туку затоа што има лоши проекти за косините. Само што ќе се направат косините, ќе паднат. Ние имаме поголема загуба таму.

Во овој момент држиме механизација од околу 40 милиони евра која не ја покрива ниту основната валоризација, степенот на искористеност е 25 отсто, а некој од политиката ви вели „не сте способни да го направите патот“.

Па како не сме способни кога во цел свет патиштата ги направиме? Работевме во Хрватска, Албанија, Бугарија, Полска, нема каде не работевме во светот. Половина од патиштата во Бугарија ние ги направивме. Бевме прва странски фирма што влезе во Бугарија и ги остави најубавите патишта таму,“ додаде Милковски, кој смета дека не е точно дека македонските компании немале капацитет.

„Како може да имаме капацитет ако сите работи ги работат странци? Како ќе го развиеме градежништвото ако сите капитални работи ги давате на компании кои не се одовде? Зошто се елиминираат нашите компании, не само градежните, за да се донесат други кои по квалитет не се подобри? Тие ги користат нашите работници.

Ниту една градежна фирма што дошла во земјава не донела свои инженери и работници, туку ги зема нашите, тие во кои ние вложуваме. Потоа, со малку поголема плата странските фирми ни ги земаат работниците,“ додаде Милковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

575 милиони евра потрошени за автопатот Кичево-Охрид, кој се уште не е завршен, открива Државна ревизија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата Кавадарци

Редакција

Подзаборавено интервју: Киро Глигоров за спорот за името

Редакција

ТТК Банка со добивка во првиот квартал

Редакција