Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти заболени од корона вирусот. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 48 пациенти кои боледуваа од корона вирусот
Починаа уште 4 лица од корона вирусот, вкупно 302
Нови 126 случаи на заболени од корона вирусот, во Скопје 66
Фото: МЗ