Генералниот секретар на СДСМ, но и носител на листа во Изборна единица 3, Љупчо Николовски на Фејсбук сподели анегдота од детството, во која добил 7 на Лото, но на неуплатено ливче.
„1992 или 1993 година бев трето или четврто одделение. Во секое семејство се играше лото. Еден ден си напишав среќни броеви и бидејки родителите беа на работа, го замолив брат ми да им ги даде бројчињата за тие да ги уплатат.
Постариот обично не го слуша помалиот брат, па така беше и овој пат. Бројчињата си останаа запишани и неуплатени.
Вечерта, во детската соба, сам го гледав извлекувањето. Во втората колона ги имав погодено сите 7 броеви!
“Седмица, седмица” викав на цел глас. Татко ми дотрча од дневната соба за да види што се случува. Му кажав.
Утредента купив бомбони и го частев целото одделение. Можната добивка беше 82 илјади марки!
Секој што ме знае подобро ја знае оваа анегдота.
Како дете, тоа го запомнив многу добро. Среќата не паѓа од небо!
Треба да заработиш за да имаш. Треба да се испотиш за да заработиш. Треба да се потрудиш за да се испотиш.Без труд нема ништо! Не ти паѓа седмица ако немаш уплатено“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.