еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителот Бубевски заразен со Ковид-19, Фетаи во изолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е заразен со корона вирусот.

Тој за „Фокус“ вели дека се тестирал бидејќи постојано е во контакт со голем број на луѓе и оди на судења.

„Немам симптоми, засега се чуствувам добро“, вели Бубевски за „Фокус“, и додава дека постојано ги почитувал сите мерки, односно држел дистанца и носел заштитна маска.

Поради неговиот позитивен тест, неговата колешка, обвинителката Фатиме Фетаи е во изолација, бидејќи изминатат недела биле заедно на судење.

„На сите им потврдив дека 14 дена ќе бидам во изолација заради контакт (две судења минатата недела) со обвинителот Бубевски.

Немам симптоми, а ќе се тестирам кога тоа ќе биде посочено од докторите“, вели Фетаи за ТВ21.

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 31 лице, двајца имале по 43, еден пациент 42 години

Редакција

Кумановскиот градоначалник Димитриевски повикан во МВР на информативен разговор

Редакција

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

Редакција