еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во штипскиот регион корона вирусот се шири меѓу контактите на заразените

Нови 17 позитивни случаи на Ковид-19 во штипскиот регион. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека новите случаи се контакти на веќе заразените. Токму поради ова епидемиолозите новите случаи не ги препознаваат веќе и по кластери.

-Нема веќе кластери и правила на ширењето на вирусот, новозразените се контакти и ги има од секаде. Ако до пред некое време ни беа познати фабричките кластери, сега вирусот се шири низ нивните контакти, вели Димитрова.

Во Штип покрај тоа што се појавуваат случаи од фабриките и нивни контакти, деновиве се бележат и позитивни случаи и од државни и општински институции, ги има по еден или неколку случаи, но не и поголеми групи, какошто беа фабричките кластери.

Во регионалниот Ковид центар во штипската Клиничка болница хопситализирани се 45 пациенти, од кои 40 позитивни, а петмина сомнителни случаи.

Четворица пациенти се со висока температура и повремена кислородна поддршка. Веќе втори ден се сместуваат пациенти и во Одделот за неврологија, а на помош на инфектолозите им доаѓаат и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози. 

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица новозаболени во Куманово од корона вирусот

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

По подолг период бројката на заразени со корона вирусот под 100 и изнесува 78, во Скопје 26

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цветан Панделески: Компаниите на фамилијата Панделески работат законски

Редакција

За помалку од 24 часа приведени четворица криминалци барани со потерници за 41 година затвор

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција