еМагазин
Image default
Бизнис

Инвестиција од 9 милиони евра: Почнува со работа нова фабрика за стакло во ТИРЗ Тетово

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово почна со работа фабриката за производство на стакло „Глас Флекс“, сопственост на македонско-холандски капитал.

Вредноста на инвестицијата е девет милиони евра, а предвидени се 300 вработувања.

– Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствен на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес.

Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“.

Фабриката „Глас Флекс“ има објект од 9.000 метри квадратни, а ќе се произведува калено, луминирано и друг вид специјализирано стакло.

МИА/Фото: Фејсбук/Бектеши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Денеска раздвижено на Саемот на книга, првите денови од отворањето посетеноста била слаба

Редакција

„Сковин“ во загуба од 32,8 милиони денари за девет месеци

Редакција

Просечната нето плата во април 28.438 денари

Редакција