еМагазин
Локално

Се преврте комбе со мигранти кај Струмица, седуммина се повредени

Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител.

Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната против пожарна единица на Струмица, кои употребиле специјални хидраулични алатки за извлекување на патниците.

Ова е втора несреќа за два дена во која учествуваат возила кои превезуваат мигранти. Возач на комбе полно со мигранти завчера предизвика тешка сообраќајка на една од главните улици во градот при што беа повредени поголем број мигранти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уапсен „џепарош“ во Скопје: Оперирал по градски автобуси и на Зелено пазарче

Редакција

Почина велешанец при пожар во куќа, која била споменик на културата

Редакција

Пет девојки повредени во сообраќајка во Дебар Маало

Редакција