еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да отвори предмет за владината парична помош на здруженијата и фондациите како дел од мерките за справување со кризата од коронавирусот, а по приговорот поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, во кој се наведува дека е прекршен Изборниот законик со исплата на пари во време на изборна кампања.

– Исплатата на одобрените средства е на 1-ви јули и е во период на изборна кампања и претставува повреда на член 8 а став 1 алинеја два од Изборниот законик и член 43 од Законот за спречување корупција и судир на интереси. Поради тоа согласно нашите мерки се предлага да се покрене постапка пред надлежни органи за одговорносто лице при Генералниот секретаријат, оценија од ДКСК.

Од владиниот Генерален секретаријат пред антикорупционерите појаснија дека исплатата извршена на 1-ви јули е врз одлука донесена на 13-ти јуни и од тие причини сметаат дека се работи за извршување на веќе донесена одлука.

Од ДКСК посочија дека одлуката можело да биде донесена претходно, но исплатата требало да почека, да се одложи и да се оствари по завршување на изборите.

На сметка на здруженијата и фондациите кои ги исполниле условите за да добијат помош легнале околу 30 милиони денари. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сиљановска Давкова ќе се обрати на Генерално Собрание на ОН во Њујорк, кој друг е во македонската делегација

Редакција

Обвинителството утре ќе поднесе обвинение за „Рекет“

Редакција

И Демократски сојуз ја прифаќа Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија

Редакција