еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар 17 новозаразени со Ковид-19, втор негативен рекорд досега

Во Дебар расте бројот на заразени, но и на оздравени лица, што го потврдуваат официјалните податоци според кои во последното деноноќие регистрирани се 17 новозаразени, а излекувани се осум лица, двајца од нив кои биле на лекување во болницата „8 Септември“.

Ова е втора највисока бројка на новозаразени по онаа на 20. јуни кога беа регистрирани 18 новозаразни.

Вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, се искачи на 137. Битката со опасниот вирус ја добиле 56, ја изгубиле пет, додека активни на болеста се 76 лица, од нив седуммина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Споредено со првата фаза од пандемијата, во втората, кога косонавирусот, по точно педесет дена, се врати на ова подрачје, бројот на заразените е поголем за 86 лица.

Во првата фаза беа регистрирани 51 заболен, од нив двајца во Центар Жупа, оздравеа 47, а починаа четворица, тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Од повторната појава на болеста 5-ти јуни, се 86 заразени лица, едно од Центар Жупа, од кои девет се излекувани, додека едно лице почина, останатите 76 се се уште активни на болеста.

Надлежните предупрдуваат дека бројот на новозаразени ќе расте, што е последица на непочитување на мерките и протоколите од страна на граѓаните и деловните субјекти. Апелираат на строго почитување на мерките и препораките, зашто, како што додаваат, тоа е единствениот начин за заштита од невидливиот непријател.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во ГОБ „8 Септември“ излекуван 20 годишен пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Починаа шест нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 368

Чаир останува на врвот по активни случаи на Ковид-19, следат Гази Баба, Аеродром, Бутел и Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во „Титаник 3“ на СЈО назначен нов судија, следното рочиште на 15. март

Редакција

Учениците денеска се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие

Редакција

Филипче до Пендаровски: Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза

Редакција