еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гласачките места за предвремените парламентарни избори затворени во 21 часот

Во 21 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На денешните десети парламентарни избори, а петти предвремени избори право на глас имаа 1.814.263 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места.

Овие избори се издвојуваат од досега одржаните во земјата, бидејќи се организираат во состојба на пандемија на коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани е три дена, а денешниот изборен ден трае два часа повеќе од вообичаеното и е прогласен за неработен.

Избирачките места во шесте изборни единици беа отворени во 7:00 часот, а гласањето заврши во 21 часот. Се гласаше за 15 политички партии и коалиции кои вкупно имаат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на Државната изборна комисија (ДИК), 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

Денешниот изборен ден, според претседателот на ДИК, Оливер Дерковски помина мирно, со мали, спорадични инциденти, без нарушувања на изборниот процес.

До 19 часот на гласање излегле 830.370 граѓани со право на глас односно одѕивот е 45,77 проценти.

Сите вклучени во процесот и граѓаните кои одеа на гласање задолжително мораа да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот, а тоа се носење маска, држење растојание од метар до метар и половина, дезинфекција на раце при влез и при изле од гласачкото место.

Освен спецификата поврзана со корона вирусот, на овие избори првпат е дозволено да гласаат и лицата кои до 15 јули наполниле 18 години и се со важечки документи и не се организира гласање во дијаспората, бидејќи немаше доволен број пријавени македонски државјани за гласање.

Сепак, овие лица доколку беа во земјата денеска можеа да гласаат на избирачките места на адресата на која што се пријавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИК: До 19 часот излезноста 45,77 проценти

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се спои ли Стопанска банка Битола со Комерцијална, рокот за изјаснување за понудата истече

Редакција

Група вооружени лица со оклопно возило упаднаа во манастирот во Бањска во Косово, има пукотници

Редакција

Русија и Белорусија почнаа воена вежба со обука на персонал за заедничката команда

Редакција