До 20.45 часот вечерва, на гласање на денешните предвремени парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас. Тоа значи дека одзивот е 50,86 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија (ДИК).
Обработени се податоци од 3.466 од вкупно 3.480 гласачки места.
Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти.
Во Првата изборна единица излезноста е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на ДИК, Дерковски оцени дека изборниот ден поминал одлично со мали исклучоци
МИА/Фото: МИА