еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„ДУНА“: Апликацијата работеше беспрекорно, но страницата на ДИК беше цел на хакерски напад

Компанијата „ДУНА“ излезе со свој став во врска со веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), која синоќа падна и не можеше да се следи гласањето во живо.

„Апликацијата на „ДУНА“ поврзана со изборниот процес на предвремените парламентарни избори функционира најнормално затоа што е врвно изработен продукт. Таа беспрекорно даваше резултати за излезноста на секои пет минути.

Но, страницата на Државната изборна комисија, каде беше поставена нашата апликација, беше цел на хакерски напад. Ние успешно ја завршивме работата. Доколку не постоеше оваа апликација, тогаш резултатите ќе се броеја рачно“, објаснува Александар Пајковски од „ДУНА“.

Според него, апликацијата е подготвувана повеќе од половина година, со низа технички специфичности кои ги немало досега и била изработена по барање на ДИК.

„ДУНА“ е компанијата која ја изработи апликацијата за следење на гласовите и изборните резултати.

„Нашата апликација е беспрекорна, но интернет страницата беше атакувана преку т.н. софтверски тероризам со сили од повеќе странски држави“, додава Пајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што објавија грчките медиуми за изборите кај нас: Во фокусот победата на Заев, тесната разлика и хакерскиот напад

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

СДСМ: Во податоците на ДИК недостатоци и грешки кои може да дадат неточна слика за конечниот резултат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството презентираше докази за „Меѓународен сојуз”, одбраната на Ременски тврди дека се прекршува ЗКП

Редакција

Реплек најавува уште поголем раст во 2024 година

Редакција

Зеленски со порака до Русите: Ќе ве убиваат, еден по еден, се додека е Путин на власт

Редакција