еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Риболовец од Делчево улови сом од 47,5 килограми на езерото Калиманци

Улов тежок 47,5 килограми е последниот подвиг на спортските риболовци од Пијанец кои максимално ги користат благодетите на езерото Калиманци во рамки на риболовната сезона која е во тек.

Уловот е дело на делчевецот Горанчо Ќурчиски, кој истакна дека ова не му е првпат да „фати” олку голем „капиталец”.

„Калиманскиот сом е тежок 47,5 килограми и е еден од поголемите фатен во водите на езерото. Чести гости сме на Калиманци, езеро кое освен со сом, изобилува со крап, клен, црвеноперка, карас и други видови животински свет“, истакна Ќурчиски.

Освен на Калиманци, додава дека предизвик му се и други езера, како во Македонија, така и во соседните земји.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена почина при пожар во куќа во Крива Паланка

Редакција

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Редакција

Тешко повредена скопјанка на тротинет по удар од „Мерцедес“

Редакција