еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за хакерскиот напад на ДИК за време на изборите

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика достави известување до Основно Јавно Обвинителство – Скопје во кое ги образложи сите мерки и активности кои беа преземени во насока на расчистување на случајот пријавен од страна на Државната изборна комисија, соопшти МВР.

„Имено, во текот на истрагата беа обезбедени податоци и логови за функционирањето на системот и делови од системот за поддршка на изборниот процес во Државната изборна комисија. Податоците беа обезбедени од повеќе институции и компании кои беа вклучени во изборниот процес.

Од доставената пријава и анализата на податоците се констатираше дека при крајот на изборниот процес, а особено во текот на објавувањето на прелиминарните резултати бил регистриран DDoS напад кој што бил насочен на страната www.sec.mk и кој влијаел на оневозможувањето на публикувањето на резултатите од апликацијата на дедицираниот сервер за објавување на прелиминарните резултати.

Дополнително при анализата на податоците кои ги добивме од фирмата „Дуна компјутери“, а се однесуваат на податоци и датотеки извадени од серверите (дата бази и логови од системите) за наша понатамошна анализа за можни проблеми со функционалноста на истите, не е утвредено нефункционирање на системите или застој во процесот на безбедносната афтентикација на корисниците за прием и внес на резултатите од изборните комисии“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека секторот за Компјутерски криминал и дигитална форензика во соработка со Јавното обвинителство ги користи сите механизми за меѓународна соработка со интернет сервис провајдери кои се надвор од наша јурисдикција, со цел добивање на податоци за корисниците на нивните сервиси.

„Истрагата за овој случај продолжува во насока на утврдување на ИП адресите од каде што е пристигнат нападот, собирање на дополнителни информации за утврдување на нарачателот на овој напад како и утврдување дали имало други причини кои влијаеле или се поврзани со неможноста на објавувањето на прелиминарните резултати“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ДУНА“: Апликацијата работеше беспрекорно, но страницата на ДИК беше цел на хакерски напад

ДИК рачно проверува записници, за седницата за резултати „благовремено ќе известат“

Дерковски: Сајтот на ДИК најверојатно е цел на надворешен напад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

599 се жени: За 600 места пријавени 2.964 кандидати за полицајци 

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев

Редакција

„Ер Србија“ од 5 јуни ќе лета за Охрид

Редакција