еМагазин
Image default
Македонија

ДИК денеска ќе ги потврди изборните резултати и ќе им ги додели уверенијата на избраните пратеници

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи јавна седница на која ќе се донесе заклучок со објавување на конечните официјални резултати од предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

По завршувањето на оваа седница, закажана е свечена седница на која ќе се доделуваат уверенијата на избраните пратеници.

Седницата е закажана откако вчера Управниот суд одлучуваше  и по последните четири тужби и ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни избори, со што ги потврди решенијата на ДИК.

Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстои Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, најдоцна до 4 август.

Ако Џафери, кој вчера беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, не биде во можност да ја закаже конститутивната седница, уставните и законските одредби предвидуваат тоа да го стори највозрасниот пратеник од новиот парламентарен состав.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, според првичните неофицијални резултати што ги соопшти ДИК, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, АА и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

По конституирањето на Парламентот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена мандатот за состав на владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

Ова беа десетите парламентарни избори и петти предвремени парламентарни избори од независноста на земјата, кои се одржаа во специфични услови на пандемијата со Ковид-19 и под посебни здравствени протоколи за заштита на изборната администрација, учесниците во изборниот процес и населението од корона вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективната клиника поради здравствени потешкотии

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Речиси исполнет капацитетот на Инфективна клиника со заразени од корона вирусот: Од 110 кревети, 93 се полни

Редакција

Вкупно 241 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот, излекувани 203

Редакција

Ковачевски да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон, повика претседателката на Антикорупциска

Редакција