еМагазин
Image default
Македонија

Свети Николе бара пункт за тестирање за коронавирусот

Во Свети Николе состојбата со вирусот е загрижувачка. Општинскиот кризен штаб бара отворање пункт за земање на брисеви во Здравствениот дом, со цел оние кои се сомнителни случаи да не патуваат во Велес.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека на територијата на општините Свети Николе и Лозово моментално има 198 заразени лица од Ковид-19, а 132 лица се во самоизолација по основ на контакт со заболени лица. Сите заразени лица се со полесни симтоми на болеста и вон животна опасност.

На седницата се донесе одлука да се побара помош од екипи на ЦЈЗ Велес да отвориме пункт во Нов здравен дом, каде ќе можат да се земат брисеви на заболените лица од Ковид-19 кои досега мораа да одат на тестирање во Велес за да се утврди дали лицата се оздравени од коронавирусот.

Со ова ќе ги намалиме трошоците за превоз за лицата, но и намалување на бројот на транспорт од здравствениот дом во Свети Николе, вели Велковски.

Со цел подобро справување со вирусот, донесена е одлука за барање на санитетско возило за потребите на Здравствениот дом, со што ќе се подобрат услугите на граѓаните на општина Свети Николе.

 а потребите на Црвениот крст Свети Николе, донесовме одлука да побараме возило од Црвениот крст на РСМ со цел навремена дистрибуција на потребни лекови и храна на заразените лица и лицата во самоизолација, вели Велковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет новозаразени од Ковид-19 и тројца оздравени во Кичево

Во Дебар пет новозаразени со Ковид-19, тројца оздравени

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првпат Џафери седницата во парламентот ја води на албански јазик: Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ реагираше

Редакција

Амир Шабани стана директор на Фондот за осигурување на депозити, Агим Муртезани на УХМР

Редакција

Захарова: Обвинувањата за руско мешање во изборите во Северна Македонија се апсурдни

Редакција