Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот.
„Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција.
Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места,“ напиша Манчевски на својот фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Првиот тест во самоизолација на Манчевски негативен: До сега водам со негативни тестови со 4:0
Фото: Фејсбук/Манчевски
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.