еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Комисијата за заразни болести е за онлајн-настава, освен за првачињата

Став на Комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во кои е неопходно физичко присуство на децата, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Стравувавме во оваа ситуација, на есен, кога не знаеме што може да нè чека и со што се соочуваме, како и сите земји во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, изјави Филипче во вестите на ТВ Канал 5.

Притоа тој посочи на опасностите за ширење на заразата за време на транспортот од и до училиштата, потоа комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории и ходниците.

Овој став денеска, рече Филипче, го презентирал на седница на Владата и додаде дека дискусијата сè уште трае и очекува Владата за неколку дена да го донесе конечниот заклучок.

„Дефинитен став, имајќи ги предвид и сите други аспекти на Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе заземе дефинитивен заклучок во следните неколку дена“, рече Филипче.

Состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН денеска беше одложен за утре, а протоколите за начинот на реализација и моделите на настава беше најавено да бидат соопштени на 10 август.

Министерот за здравство соопшти дека за утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за труд и социјална политика на кој ќе ги разгледуваат протоколите за работа на градинките.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести и МОН го одложија состанокот за протоколите за настава во училиштата

Нема одлука за отварање на училиштата од септември

Отварањето на училиштата носи голем ризик: Кој ќе одговара ако пламне корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се откажам од статусот конзул на Унгарија и од претседател на ССК за да ја извршувам градоначалничката функција, изјави Арсовска

Редакција

(Аудио) „Пукнаа“ две нови „бомби“ за Заев

Редакција

Заев вели дека ништо не менаџирал со Боки 13

Редакција