еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Братот на диџеј Ицко кој почина од корона вирусот, даруваше крвна плазма во негова чест

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил објави дека братот на диџеј Ицко кој почина од корона вирусот, дарувал крвна плазма.

„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко кој ја загуби битката со Ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош.

Очекувам повик и за второ дарување, бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од корона вирусот на 48-годишна возраст почина македонскиот диџеј Ицко

Сопругата на диџеј Ицко: Ќе излеземе на прав пат, не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас

фото: Фејсбук/Филипче/Ицко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Колку е богата Елизабета Постоловска

Редакција

Од 7 до 20 април затворање на сите угостителски објекти

Редакција

Бугарската потпретседателка денеска во Битола, на денот на ослободувањето на градот од германско-бугарската фашистичка окупација

Редакција