еМагазин
Image default
Ретро ТОП СТОРИИ

Црвенковски и Георгиевски единствени живи потписници на Рамковниот договор

Пред деветнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ, Бранко Црвенковски и на ДПА, Арбен Џафери.

Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ, Франсоа Леотар и на САД, Џејмс Пердју.

Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта.

За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од Владата, а лани тој беше трансформиран во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи: Разликите се во нијанси по прашањето за Гоце Делчев

Редакција

Градоначалникот на Гази Баба бара полицајци во автобусите: Во континуитет се случуваат инциденти во кои се повредени ученици

Редакција

Намалување на смртните случаи од Ковид-19 за 37,1%: За една недела починале 8 лица на возраст од 20 до 49 години

Редакција