еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Дарувањето органи е чин на неизмерна хуманост

Светскиот ден на донирање на органи се одбележува на 13 август секоја година. На овој ден здруженијата и подржувачите на оваа хумана кауза преземаат многубројни активности во насока на подигнување на свесноста и мотивирање на луѓето да ги донираат своите здрави органи по смртта, а со тоа да спасат животи.

Континуираното информирање има воедно за цел да ги елиминира митовите и стравовите што постојат поврзани за дарувањето на органи и секако да станат свесни за важноста на овој чин.

Што всушност претставува органодарителството?

Тоа е доброволно дарување на органи без надоместок од живо или починато лице и нивно пресадување во телото на друго лице заради лекување.

Во Македонија законската регулатива за трансплантација на органи и ткива е многу современа. Таа е регулирана согласно Законот за земање и пресадувањe на делови од човечкото тело, заради лекување.

Законот предвидува освен донирање на орган од жив дарител кој може да донира бубрег, коскена срцевина, дел од црн дроб, како донор на органи да се јави и лице кое се наоѓа во состојба на мозочна смрт, така наречена кадаверична трансплантација.

Семејствата треба да знаат дека мозочната смрт на нивниот близок е исто што и смрт. Само прашање е на време, час или ден два кога ќе настапи и цела смрт. Голем е чинот и неизмерна хуманоста, во овие моменти да се овозможи да се продолжи животот на оние луѓе кои болеста им оневозможила нормално секојдневие. Zan Mitrev Clinic го подржува органодарителството.

По повод 13 август, Светскиот ден на донирање на органи, Zan Mitrev Clinic ја подржува иницијативата на Национално Здружение Храбро Срце за дарување на органи.

Погледнете ја изјавата на д-р Жан Митрев и д-р Тања Анѓушева по овој повод

Го одбележуваме 13 август – Светскиот ден на донирање на органи

По повод 13 август, Светскиот ден на донирање на органи, Zan Mitrev Clinic ја подржува иницијативата на Национално Здружение Храбро Срце за дарување на органи.Погледнете ја изјавата на д-р Жан Митрев и д-р Тања Анѓушева по овој повод.

Posted by ZAN MITREV on Четврток, 13 август 2020

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, велат од СЗО

Редакција

Каков имот пријавил Борис Настов, директорот на ЈП Улици и патишта, кој поднесе оставка

Редакција

Duferco Skop SA купи уште 9.000 акции на Макстил

Редакција