еМагазин
Image default
Македонија

Таравари: Нема што да бараме во Влада со ДУИ, како со криминалци да се бориш против криминалот

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во изјава за телевизија „Алфа“ истакна дека СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада.

„Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот,“ рече Таравари.

Викендов, продолжуваат консултациите за формирање Влада, откако во четвртокот претседателот на државата Стево Пендаровски му го довери мандатот за формирање влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тричасовна средба во четвртокот имаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Заев, која беше оценета во заедничкото соопштение како конструктивна и продуктивна и на која биле постигнати основи за напредок кој води до коалиционен договор за нова, европска Влада посветена на европските интеграции, на економијата, еднаквоста и на владеењето на правото.

На средбата присуствувале и генералните секретари Љупчо Николовски и Артан Груби.

Во соопштението беше најавено дека разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во текот на викендот на ниво на генерални секретари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која ги замрзна односите со шефот на државата откако тој реши да му го даде мандатот за формирање Влада на Заев без да прикаже доказ за мнозинство во Парламентот, најави дека во наредниот период сите опции се отворени и дека ќе го следат периодот на преговори кој што ќе го предводат партиите.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива пак соопшти дека нивни претставници немале средби за учество во новата влада и дека нема да да преговараат додека ДУИ не го исцрпи правото да биде дел од идната влада, односно да стане опозиција. За нив ДУИ е легален, но не легитимен победник на изборите кај партиите на Албанците.

Вчера со реакција за барањето на ДУИ премиер да биде Албанец, излезе и партијата ДОМ, која е во коалиција со СДСМ.

Во соопштението тие посочуваат дека за нив барањето на ДУИ за премиер по етнички клуч е неприфатливо затоа што води кон поделеност на македонското општество, подем на национализмот и претставува закана за општествениот систем и современиот граѓански концепт-едно општество за сите.

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме сведоштва дека државната статистика лажно го подобрува економскиот биланс

Редакција

Досега не е изречена ниту една казна за одбивање на граѓани да се попишат

Редакција

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција