еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациент, нема на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, и еден пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, најмладиот има 49 години

Нови 87 заболени од корона вирусот од 1.156 тестирани, најмногу во Скопје, Гостивар и Куманово

Убава вест: Оздравени 51 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 40% од граѓаните не веруваат во ниеден политичар, следи Мицкоски, па Ахмети: Анкета на ИПИС

Редакција

Апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, вели премиерот

Редакција

Заврши седницата на Апелација за затворските казни на Груевски и Поповски за „Тенк“

Редакција