еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дури 40% од граѓаните не веруваат во ниеден политичар, следи Мицкоски, па Ахмети: Анкета на ИПИС

Речиси 40% од граѓаните во Македонија не веруваат во ниту еден политичар, покажува телефонската анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, најголем дел од испитаниците 39,7 отсто одговориле „ниеден“, со 13,5% следи Христијан Мицкоски, 6,6% има Али Ахмети, 5% има Димитар Ковачевски, 3,7%, Максим Димитриевски, 3%, Димитар Апасиев, 2,8%, Стево Пендаровски, 2,3% Никола Груевски, 2,2% Билал Касами, 1,8% Арбен Таравари, 1,5% Зоран Заев, 1,3% Африм Гаши и 1,1% Зијадин Села.

Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, при што биле опфатени 1.112 полнолетни испитаници по случаен избор.

Податоците, како што информираат од ИПИС, се со статистичка грешка од +/- 3 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Таргет Тврдина“ и „Транспортер“

Редакција

(Фото) И ќерката на Заев го пречека папата Франциск

Редакција

Ципрас поднесе оставка од лидерската позиција во СИРИЗА, нема да се кандидира за нов мандат

Редакција