еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на добивката на Централна кооперативна банка

Во првото полугодие од 2020 година, Централна кооперативна банка оствари добивка во висина од 8,3 милиони денари и истата е 31,5% пониска од планираната за годината, соопшти банката преку Македонската берза.

На 30 јуни 2020 година, вкупната актива/пасива на банката бележи незначителна промена во однос на крајот од минатата година и остварување на  поставениот план од 96,7%.

„Паричните средства и парични еквиваленти бележат пад од 32,2% и отстапување од планот за 21,3%, додека вложувањата во државни записи бележат пораст со што позицијата вложувања во хартии од вредност е повисока во однос на истиот период претходната година за 39,2% и за 17,6% повисока од планот.

Во првото полугодие на 2020 година, банката бележи пораст на кредитната активност кај секторот население и опаѓање на истата кај нефинансиските друштва. Во однос на поставениот план, позицијата кредити на и побарувања од други комитенти бележи реализација од 96.6%.

Позицијата останати побарувања, бележи голем пораст и во однос на претходната година и во однос на поставениот план, што во основа се должи на евидентираната авансна исплата на пензиите во јуни.

Позициите нематеријални средства и недвижности и опрема бележат пад во однос на крајот на минатата година, што се должи на континуираната амортизација на овие средства.

Позицијата депозити на други коминтенти остана стабилна и во второто тримесечје, при што планот е реализиран со 96,1%.

Преземените активности во доменот на управувањето со изворите на средства, доведоа до зголемување на расходите за камати за 6,3% во првото полугодие во однос на истиот период минатата година. Остварените расходи за камати во првото полугодие од 2020 година,  во однос на планираните, се пониски за 3,9%.

Континуираниот раст на кредитна активност, особено во сегментот домаќинства, предизвика раст на позицијата приходи од камати од 1,5% во споредба со истиот период минатата година. Вкупниот план за оваа позиција бележи реализација од 93,1%“, информираат од банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централна кооперативна банка лани оствари добивка од 9,8 милиони денари

Централна кооперативна банка на ракодводниот кадар лани му исплатила 518.000 евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството вработува 8 лица, плата до 31.323 денари

Редакција

Македонската компанија BtoBet на чекор да го освои пазарот во Северна Америка

Редакција

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Редакција