еМагазин
Image default
Свет

Германија ги укинува тестовите за корона вирус за лицата од ризични земји

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан информираше дека државата ќе ги укине задолжителните тестови за корона вирусот за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира врз тестирање на лица со симптоми со Ковид-19.

Оваа одлука се очекува да биде донесена денеска на состанокот меѓу канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на сите 16 провинции.

За време на летниот период бројот на тестови во Германија се зголемил на 900.000 неделно за да се идентификуваат луѓето кои се заразиле во странство.

Од почетокот на епидемијата, во Германија се регистрирани 236.429 заразени и 9.280 смртни случаи од корона вирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО бара повеќе финансиски средства за борба против Ковид-19

Редакција

„Пандора документи„: Кралот на Јордан користел јавни фондови за купување на куќи во странство, тој демантира

Редакција

Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, велат од СЗО

Редакција