Насер Нуредини е старо-новиот министер за животна средина и просторно планирање.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување кога станал министер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле членовите на новата влада.
Каков имот пријавил?
Според неговиот анкетен лист, на свое име пријавил стан со гаража во Австрија од 148 метри квадратни, проценет на 64,5 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.
Пријавил и инвестиции во фондови од 8,6 милиони денари, депозит од 90 илјади евра и кредит од 12,9 милиони денари, кој ќе го исплаќа до 2027 година.
На име на родителите пријавил земјиште и куќа во Боговиње, стан во Тетово и возило БМВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Мила Царовска, новата министерка за образование и наука
Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев
Каков имот пријавила старо-новата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска
Фото: Влада