еМагазин
Image default
Македонија

Заев официјално ја презеде функцијата премиер од Спасовски

Новиот премиер Зоран Заев денеска во Владата официјално ја презеде функцијата од досегашниот технички премиер Оливер Спасовски.

Заев подвлече дека државата ќе продолжи со реформските процеси и следствено на тоа сега е горда членка на НАТО Алијансата и ја остварува зацртаната ЕУ перспектива по добивањето на одлуката за почеток на преговорите со Европската Унија.

Посакувајќи му успешна работа на функцијата министер за внатрешни работи, премиерот Заев на Спасовски му посака плодна соработка и продолжување на совладување на предизвиците во ресорот, како и активно учество во работата на Владата во донесување на политики од интерес на сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема ни стан, ни автомобил: Каков имот пријавил идниот премиер Зоран Заев

Има куќа-подарок, вози Пежо 307: Каков имот пријавил Спасовски, идниот министер за внатрешни работи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се новите македонски амбасадори во Доха, Стразбур, Копенхаген…

Редакција

Јавно ќе бидат објавени имињата на 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и политичари, најави Ковачев

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44,2 години

Редакција