еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Попладне краткотраен пороен дожд и грмежи

Попладнево и кон крајот на денот претежно во северните делови на земјава ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, најпрвин од југозападен, а потоа особено долж Повардарието од северен правец.

Слично ќе биде и во Скопје и околината каде кон крајот на денот ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен, претежно северен ветер.

Од УХМР велат дека утре долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет совети од ИЈЗ за намалување на ризикот од Ковид-19 за време на зимскиот одмор и празниците

Редакција

Вградувањето на импланти за слух кај децата овозможува квалитетен и продуктивен живот

Редакција

(Фото) Ветер однесе малолетници во чамец од Охрид кон Албанија, полицијата ги спаси кај Струга

Редакција