Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 30 август покажуваат дека Штип, Свет Николе и Куманово се со најмногу заразени со Ковид-19 на 100.000 жители.
“Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип (2.152,9/100.000), Свети Николе со 1.404,1 на 100.000 жители, Куманово (1.031,6/100.000), додека инциденца со над 500 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Дебар, Ресен, Струга, Демир Хисар, Гостивар, Македонски Брод, Тетово, Охрид и Пробиштип“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемување од 84,2%: За една недела 35 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови
Фото: Општина Штип
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.