еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Што пишува во биографијата на Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Горан Милевски е старо-новиот министер за локална самоуправа.

Роден е во Битола во 1978 година.

еМагазин во серијал Ви ги пренесува биографиите на членовите на новата Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема стан, има кредит: Каков имот пријавил Горан Милевски, старо-новиот министер за локална самоуправа

Какво образование има

Тој е дипломиран економист, насока меѓународна економија.

Магистер е по бизнис администрација МБА – менаџмент на Економскиот факултет во Прилеп.

Од странски јазици го познава англискиот јазик.

Политичка кариера

Член е на Либерално-демократската партија (ЛДП) од 1995 година, а од 2015 година е претседател на ЛДП.

Во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието на Реублика Македонија.

Бил копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација МК-ЕУ, претседател на Пратеничката група на Собранието со Парламентот на Кралството Данска.

Пратеничката функција ја извршувал и од 2014 до 2016 година.

Во периодот од 2009 до 2013 година е избран за советник во Советот на општина Битола, како член на коалициона листа.

Од 2005 до 2009 година е избран за советник во Советот на општина Битола, како носител на листата на ЛДП.

Работно искуство

Од 2004 до 2014 бил наставник во Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ – Битола по економски предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Јетон Шаќири, новиот министер за информатичко општетсво и администрација 

Кој е Арјанит Хоџа, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Кој е Фатмир Бетиќи, новиот вицепремиер за економски прашања

Импресивна биографија: Кој е Фатмир Бесими, новиот министер за финансии

Фото: Милевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За бројчаникот на Порта Македонија Заев платил 7.000 евра

Редакција

Влада: Бугарија го потврди ветото, историската сега е огромна геостратешка грешка

Редакција

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ избришано од Централен регистар

Редакција