еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Денеска започнува Саем на книга и ќе трае до 14 септември

Саемот за книга 2020 започнува денеска и ќе се одржи  до 14. септември на отворено во А1 Арена СЦ Борис Трајковски, кај Аква Паркот под монтажни објекти.

Љубителите на книгата ќе може да избираат од понудата на голем број домашни и странски автори, странска литература, стручна, научна и белетристичка литература, книги за млади и деца.

Согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на РСМ, за Саeмот на книга 2020 ќе бидат обезбедени сите мерки за кои посетителите и изложувачите ќе бидат соодветно информирани. Заради безбедноста прв пат оваа година Саемот на книга ќе се одржува на отворен простор.

Работното време на саемот е од 10 до 20 часот, а на 14. септември од 10 до 17 часот. Билетот за влез чини 30 денари, а за деца и млади до 18 години изнесува 20 денари. Истите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Citroën C3: 400.000 продажби за помалку од две години

Редакција

УСЈЕ на Клиниката за гинекологија и акушерство-Скопје донираше апарат за капиларно одредување на ЦРП кај новороденчиња

Редакција

Осудени лица од КПУ Затвор Скопје со уверенија за успешно завршена стручна обука

Редакција