еМагазин
Балкан

Србија ги повика нејзините државјани да се вратат во земјата до петок: Ќе следува нов режим за влез во државата

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот апелираше до сите државјани на Србија до крајот на оваа недела да се вратат затоа што потоа ќе има поинаков режим за сите оние кои ќе влезат во државата.

Државјаните на Србија кои престојуваат во Црна Гора и Хрватска треба да се вратат најдоцна во земјата до петок во 18 часот, затоа што од тогаш ќе стапат на сила нови мерки и активности за лицата кои ќе влезат во земјата.

Од 18 септември ќе биде воведен 10 дневен надзор за сите патници кои ќе влезат во Србија од Црна Гора и од Хрватска, а денеска ќе се одлучува дали ќе биде потребна самоизолација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Драма“ во Грција: Можно ново гласање за недоверба на Владата на Ципрас и одлагање на гласањето за Договорот од Преспа

Редакција

Во тек е трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти во Охрид

Редакција

Специјалните служби да ги заштитат Бугарите во Македонија, бара бугарскиот претседател Радев

Редакција