еМагазин
Image default
Македонија

Заев и Мицотакис во Атина ќе разговарааат за имплементацијата на Договорот од Преспа

Европската перспектива, билатералните односи, како и темите што произлегуваат од Договорот од Преспа, односно комисиите и сл, ќе бидат дел од прашањата за кои во среда ќе разговараат премиерите на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Кирјакос Мицотакис на нивниот работен ручек во Атина, откри портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

Пецас истакна дека е „многу важно што ќе постои можност за разговори“, по изборите кај нас и додаде дека повеќе детали ќе бидат соопштени по средбата, односно по работниот ручек.

На новинарско прашање околу тоа дека нема напредок во комисиите како за учебницте, така и за трговските ознаки и за пораката што евентуално би му ја пренел Мицотакис на Заев, Пецас рече дека најважна е европската перспектива на земјите од регионот, а преку процесот на отворање и затворање на поглавјата, „може да се решат многу прашања“.

-Многу е важно што ќе имаме можност одново да разговараме, по изборите во соседната земја, според тоа ќе ги видиме сите овие теми и потсетувам дека ние сме од оние кои од прв момент имаме кажано дека можеме да разговараме за нашите теми, како овие што ги споменавте, но најважна е европската перспектива на земјите од Западен Балкан, преку која можеме да решиме многу прашања, преку интегративните, прединтегративните поглавја што ќе се отовраат и ќе се затвораат, објасни Пецас.

Премиерот Заев, утре и задутре ќе биде во дводневна работна посета на Грција, во среда ќе учествува на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, во организација на Економист, а освен работен ручек со неговиот грчки колега Мицотакис, ќе се сретне и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев на конференција на „Економист“ во Атина ќе дискутира со Дора Бакојани, а ќе се сретне и со Мицотакис

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно ли е повторно одложување на пописот: Што пишува во законот кој „дреме“ во Собранието?

Редакција

Обвинителството информира за случени евентуални изборни нерегуларности

Редакција

Петгодишно дете од штипската градинка „Астибо“ позитивно на Ковид-19

Редакција