Во Штип е регистриран втор случај на повторување на корона вирсуот кај маж вработен во една конфекција во градот.
Марија Димитрова, директор на Центарот за јавно здравје-Штип вели дека работникот првиот пат би позитивен пред неколку месеци, а бил откриен при масовното тестирање во текстилните конфекции.
Првиот пат тој бил асимптоматски, додека деновиве појавил поблаги симптоми на вирусот, по што бил тестиран и били позитивен на коронавирусот.
Претходно во првиот случај, 46-годишен маж беше позитивен, а по неколку месеци се заразил по контакт од текстилниот калстер и заврши во болница.
За разлика од пред неколку месеци, Штип има пад на активните случаи и поголем број оздравени.
Деновиве се појавиле позитивни случаи во две фирми во Штип, од кои една е текстилна. Димитрова вели дека останатите случаи кои се појавиле изминатите денови се контакти, а имале и цели семејства кои се заразиле по годишниот одмор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дете од струмичка градинка позитивно на Ковид-19
Четири нови случаи на Ковид-19 во Кавадарци
МИА/Фото: Општина Штип