еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Jа судеа без докази, затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше на одлуката на Врховен суд, со која се потврдува казната-затвор за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило кое го користи власта на Заев, Гордана Јанкуловска ќе оди во затвор. Ја судеа без докази затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев.

Ова не е никаква правда, туку начин да се оттргне вниманието од вистинските скандали, криминали и неуспеси на мафијата на власт. Јанкулоска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и тука таргетот не е Јанкулоска, туку ВМРО ДПМНЕ. Оваа одлука на судот е ден по раскрвавената глава на Палевски и откако целокупното судство и истото обвинителство ги пропушти и амнестираше сите скандали на мафијата.

И не заборавајте, Горде е мајка на еден мал ангел, но и ова ќе помине, а срамот на Заев и мафијата за ваквата тортура ќе остане. Мафијата не треба да се плаши од освета, туку од правда, а таа ќе дојде,“ напиша Мицкоски на неговиот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешната министерка Јанкулоска ќе оди во затвор за случајот „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Советникот на Заев, Бојан Маричиќ не успеа да ја изманипулира водителката на „Ал Џезира”

Редакција

Земјотрес во Грција ги стресе и граѓаните на југот од Македонија

Редакција

Од Фондот за здравство тврдат дека податоците на граѓаните се безбедни и дека не се украдени

Редакција