еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сефер Цаноски до Јанкулоска: Покани ја Емел Рамковска на кафе ќе ти објасни како се издржуваат шест години затвор

Бизнисменот Сефер Цаноски ѝ порача на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да ја покани на кафе Емел Рамковска, откако Јанкулоска покани на кафе секој кој сака да провери дали е дома.

„Препорачувам да ја покани Емел Рамковска пред да влезе. Таа најдобро ќе и објасни како се издржуваат цели 6 години затвор и тортура. Емел беше не со едно, туку со три малолетни деца во моментот кога ги затворија како глувци без да има можност да си ги види децата со години. Правдата може да задоцни, но секого ќе го стигне,“ напиша Цаноски на неговиот фејсбук-профил.

Јанкулоска треба да издржува казна затвор заради случајот „Тенк“, а денеска во јавноста се појавија шпекулации дека таа е во бегство.

Но за да демантира, таа објави фотографија од нејзиниот дом, на која што може да се забележи полиција пред зградата.

Рамковска беше осудена за случајот „Пајажина“, судски процес во кој беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на улицата „Перо Наков” за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, ако некој ме бара дома сум

Мицкоски во одбрана на Јанкулоска: Jа судеа без докази, затоа што не одбра да биде слуга во скутот на Заев

Поранешната министерка Јанкулоска ќе оди во затвор за случајот „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“

фото: Фејсбук/Цаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Нови „бомби“: Мицкоски разговара со исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за ЈО

Редакција

Анџело Ѓорѓиевски спроведен во затворот во Шутка: Детали од МВР

Редакција

„ЦМЦ ГРОУП“ го доби тендерот на „Водовод и канализација“ за набавка на водомери вреден 383.000 евра

Редакција