Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово, информираат од партијата.
Од партијата велат дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи, се со цел конечно доекипирање и уривање на власта.
На првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржана вчера, биле донесени и повеќе кадровски решенија, така што Владимир Нелоски е именуван за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев се именувани за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска е именувана за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ и Игор Здравковски е именуван за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини