На 23.09.2020 во периодот од 11.00 до 14.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода И.С.(20), А.Ш.(23), Џ.Ш.(18), А.О.(38) и 17-годишник, сите од Тетово, поради основи на сомнение дека на 09.08.2020 извршиле разбојништво во стан на ул.„Маршал Тито“ во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка, информира МВР.
Вчера, исто така, од 16.50 до 19.20 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на А.Ш и Џ.Ш, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци. Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.