еМагазин
Image default
Македонија

Завршница за „Насилство во Центар“: Ќе „лежи“ ли затвор ексминистерот Миле Јанакиески?

Во Kривичниот суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар“ во кој е обвинет поранешениот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Неговата одбрана побара отфрлање на обвинувањето, а Јанакиески рече дека не давал насоки и не поттикнувал насилство.

Тој праша дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на експремиерот Никола Груевски.

„Насилство во Центар“ е случај за протестите пред Општина Центар во 2013 година, кој произлезе од прислушуваните разговори односно таканаречените бомби. Судскиот процес за овој случај се водеше четири години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Насилство во Центар“: Одбраната бара ослободување на Миле Јанакиески

Во Кривичниот суд завршни зборови за „Насилство во Центар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник 2“ на СЈО продолжува на 18 декември

Редакција

Ковачевски најави вклучување на Евреите во Уставот

Редакција

Наградувањето на матичните лекари е добра мерка, смета Филипче

Редакција