Најновиот член на Galaxy S20 серијата, Samsung Galaxy S20 FE, од утре ќе биде достапен во продажба и во Македонија, по цена од 38.999 ден.
Овој премиум телефон доаѓа во шест модерни бои – небесно црвена, портокалова, виолетова, зелена, сина и бела [1], а го одликуваат и супер мазниот екран за гледање на содржини, камерата на база на вештачка интелигенција, хипер брзата конекција, како и батерија која што трае цел ден.
Инспирирана од мислењата на своите најверни фанови, компанијата Samsung по прв пат произведе паметен телефон токму по нивна мерка. Гласот на Z генерацијата, што често ги диктира трендовите со своите ставови, и тоа како е важен во денешниот свет, а неговото влијание посебно е видливо во индустријата на паметни телефони, кои се најприсутни во нивните животи.
Бидејќи корисниците скоро никогаш не ги испуштаат паметните телефони од рака, посебно е работено на тоа да сѐ, од дизајнот до софтверот на уредот да биде беспрекорно и да одговара на стилот и личноста на секој поединец.
Без разлика дали се работи за љубители на фотографии, игри или за оние кои што објавуваат на социјалните мрежи она што ги инспирира, Galaxy S20 FE го нуди она најдоброто. Корисниците сега можат да сликаат живописни фотографии дури и при слабо осветлување, со едноставен допир на екранот, а Samsung дополнително се потруди да може полесно да ги уредувате и споделувате фотографиите и видеата во реално време.
А, како што е генерацијата Z позната по тоа што е исклучително социјално ангажирана и одговорна, Galaxy S20 FE ја има претходно инсталирано апликацијата Samsung Global Goals, и благодарејќи на неа милиони луѓе од над 170 земји се обединуваат околу глобалните цели на Агенцијата за развој на Обединетите нации (UNDP) и компанијата Samsung, помагајќи му на светот да оствари напредок до 2030 година.
Благодарение на трудот и ангажманот на обожавателите на Galaxy преку апликацијата Samsung Global Goals, веќе се собрани донации во вредност од над милион долари за програмата на UNDP.
Повеќе информации за почетокот на продажбата на Galaxy S20 FE можете да пронајдете на samsung.com/mk.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, преносливите уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија.
За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com
[1] Достапноста на бојата може да варира во зависност од пазарот.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА