еМагазин
Image default
Техно

Корисниците на Македонски телеком ќе добијат сметки електронски

Македонски телеком согласно уредбата на Владата за примена на електронски фактури ќе избегне изготвување достава на фактури во хартиена форма и ќе поттикне електронско плаќање од дома.

Од компанијата ги информираат корисниците на мобилни усуги и Magenta 1 пакети, кои немаат активирано е-сметка, дека ќе добијат известување и насоки за преземање на сметката за март преку SMS порака.

Оние корисници пак кои имаат активирано e-сметки, ќе продолжат да ги добиваат на истиот начин и во истиот формат и во иднина.

На деловните корисници на мобилни услуги и Magenta 1 Business пакети, како што наведуваат, е-сметката ќе им бидe доставенa само преку електронска пошта.

Kорисниците на фиксни услуги и сите останати корисници на Македонски Телеком кои сѐ уште немаат активирано е-сметка, стои во соопштението, може да го направат тоа брзо и едноставно на следниот линк или преку Telekom MK App.

Посочуваат дека дигиталното плаќање е од заеднички интерес на сите граѓани, од една страна за заштита на животната средина, од друга како превенција на непосреден контакт и зачувување на здравјето на сите во овие вонредни услови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој боја на смартфон преферирате? Најновото истражување на Motorola открива неочекуван тренд!

Редакција

Пет совети како да заштедите енергија при користење на машината за перење

Редакција

„ТикТок“ забрани пристап за деца под 13 години

Редакција