еМагазин
Image default
Техно

Visa истражување: 20 проценти од испитаниците во регионот на ЈИЕ не ја земаат во предвид безбедноста при избор на начин на плаќање

Visa, глобалниот лидер во дигиталните плаќања, спроведе онлајн анкета за да го тестира познавањето на корисниците на социјалните медиуми во Југоисточна Европа за советите за безбедносно плаќање.

Според резултатите, речиси 60 проценти од испитаниците сакаат поголема безбедност и заштита на податоците, отколку брзина на трансакциите при плаќање. Сепак, половина од нив не се доволно информирани за постојните механизми на заштита. Покрај тоа, секој трет испитаник не успеа да одговори на прашањата поврзани со безбедноста на плаќањата преку Интернет.

За да ги поддржи корисниците на картички и за да ја подигне свеста за безбедносните карактеристики на дигиталните плаќања, Visa започна регионална кампања наречена „Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања“, целејќи кон едукација на корисниците за тоа како да плаќаат безбедно и преку Интернет и директно лице-во-лице користејќи дигитални инструменти за плаќање.

Секој трет испитаник во истражувањето изјавил дека се чувствува посигурно кога плаќа со картичка. Сепак, 20 проценти од испитаниците избираат најпогоден метод без да ја земаат во предвид неговата безбедност. Плаќањата преку мобилен со банкарска картичка која е вметната во паметниот телефон, се нешто што сѐ уште не е широко препознаено кај потрошувачите и со тоа има голем потенцијал за понатамошно усвојување.

Кога станува збор за ПИН кодот, единствениот идентификациски број кој служи за заштита од неовластено користење на картичката, луѓето често го истакнуваат фактот дека ја забораваат точната комбинација, но сепак овој вид на мерка на безбедност ги прави да се чувствуваат посигурни. Мнозинството од луѓето кои што учествуваа во онлајн анкетата (над 80 проценти), изјавија дека нема да го дадат или да го кажат својот ПИН-код на некого друг.

CVV2 е трицифрен број сместен на задниот дел на Visa картичката и се користи за потврда при плаќање преку Интернет. Над 15 проценти погрешно го поврзаа овој код со QR кодот во нивните одговори, што може да се искористи за плаќање преку апликации.

“Довербата во Visa е сѐ. Инвестираме многу за да ја зачуваме и зајакнеме безбедноста на секоја трансакција со Visa. Преку искористување на моќта на напредната технологија и иновација, ние темелно анализираме повеќе од половина милијарда плаќања ширум светот секој ден, заштитувајќи го интегритетот на екосистемот на плаќање.

Нашите достигнувања во предвидливата аналитика, токенизацијата и биометриското управување ни овозможуваат да ја одржуваме измамата на историско ниски нивоа. Тоа е уникатна комбинација на заштита што ја прави нашата платежна мрежа безбедна и беспрекорна, затоа што ние веруваме дека модерната трговија се базира првенствено на искуството за безбедно плаќање за сите, “рече Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Visa за Југоисточна Европа.

Резултатите од истражувањето исто така покажаа дека 40 проценти од испитаниците не знаат како да идентификуваат веб-страница со безбедна врска за плаќање. Таков е случајот со интернет адресите кои имаат буква „s“ по “http”. Протоколот https е дизајниран да издржи упади од хакери и се препорачува како посигурен за плаќања преку Интернет. “Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања” кампањата ќе помогне да се подигне свеста на потрошувачите за основните безбедносни мерки за да се овозможи искуство со безбедно плаќање при користење на решенија за дигитално плаќање.

Екосистемот за плаќање постојано се развива, а исто така и начините на кои го обезбедуваме. Новите технологии за автентификација и анти-измама ќе обезбедат безбедно, едноставно и сигурно искуство за купување, без оглед каде е корисникот и кој уред го користи за да изврши исплата. Со кампањата “Зачувај и заштити – приоритети на дигиталните плаќања”, сакаме да го насочиме вниманието на корисниците кон важноста на безбедноста, како и подобро да ги запознае со придобивките од безбедната мрежа и новите технологии,” заклучи Ѓорѓевиќ.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Business со нова атрактивна понуда

Редакција

Две нови апликации за младите, за сајбер насилството и сајбер безбедност

Редакција

Шминка, аксесоари, гаџети – must have во секоја женска чанта

Редакција